Е-пошта Печати

Луѓето во Пелагонискиот регион се исклучително комуникативни и креативни, што се гледа по богатиот календар на настани и манифестации. Во текот на годината се организираат голем број на карневали, изложби, концерти, фестивали и саеми. Гостопримливоста и желбата за културна размена се главни карактеристики на Пелагонија, и токму затоа овие манифестации се со долга традиција. Најголемиот дел од нив имаат интернационален карактер.

Во текот на целата година во регионот се случуваат настани од секаков тип. Секое населено место е карактеристично и препознатливо по некој настан. Фестивалите ги има во голем број и нивна главна карактеристика е нивната масовна посетеност.

Фестивалите на кои се негува народната игра и песна се многубројни и ги има  во текот на целата година, а особено во текот на летните месеци.  На нив се слави и негува македонската традиција, а со гостувањата на фолклорни друштва и ансамбли од странски држави и региони, се продлабочува врската и соработката со нив. Најпознати од нив се "Пеце Атанасовски" во Долнени, "Илинденски денови" во Битола, "Преспански иселенички средби" во Ресен, и "Илинденски концерт на Етно музика" во Градешница.

Во регионот  редовно се организиираат изложби, колонии, и културно научни средби, со кои се поттикнува творештвото на млади и неафирмирани автори, и се промовираат нивните дела. Пример за ова е "Мал Битолски Монмартр" кој има повеќе од две и пол децении традиција и меѓународен карактер и реноме.

Со посета на настаните во Пелагонија, покрај одличната забава, туристите добиваат шанса одблиску да се запознаат со традицијата и културата на овој регион.

 

 

 

Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп