Е-пошта Печати

Пелагонискиот регион има одлично развиена трговска мрежа и карактеристичен ноќен живот. Пазарите, чаршиите, бутиците и трговските дуќани нудат богата шопинг понуда во текот на денот. Во ноќните часови во градските средини постојат можности за одлична забава во дискотеки, ноќни клубови и кафе барови.

Неизбежен дел од секојдневието во градовите во Пелагонија се дневните излегувања на  луѓето, најчесто пропратени со филџан кафе во некој од градските  кафе-барови. Овде таа традиција редовно се негува и не е промената од дамнина па до денес. Секојдневни настани, скорешни случувања, планови, ставови, коментари, се само мал дел од темите кои се пропратен дел од оваа навика на луѓето.

Ноќниот живот во градовите ги следи модерните текови актуелни во светот. Опуштена атмосфера, забава, играње, добар провод. Дискотеките и ноќните клубови се креатори на забавата во доцните ноќни часови. Благодарение на гостопримливоста на своите домаќини, домашните и странските туристи, овде се чувствуваат слободно и опуштено, и секој дел од своето време планиран за забава го користат до максимум.

Пелагонија е регион со богата трговската мрежа во која за секого има по нешто. Бутиците, продавниците, пазарите, чаршиите нудат за секого по нешто. Почнувајќи од брендирана облека, обувки, часовници од реномирани марки, накит па се до занаетчиски производи, продавници за сувенири, и антиквитети. Тие се одличен начин туристите да обезбедат материјален спомен од своето патување за себе, или за своите најблиски.

Забавата, ноќниот живот, пазарите и чаршиите се целосна спротивност на спокојниот и идиличен живот кој се случува во руралните средини. Како комплекс, овие две приказни ја прават Пелагонија уште поубава и препознатлива како туристичка дестинација.

 

Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп