Е-пошта Печати

Најславниот од сите Римски патишта, патот – "Виа Игнација"  врви во добар дел и низ Пелагонија. Своевремено, патот претставувал најкратка врска acheter viagra меѓу Рим и источните краишта од царството. Виа Игнација е најдолг пат граден без престан – цели 44 години исто така најскапиот градежен проект, но во тоа време  без конкретна корист за Рим, затоа што токму https://www.viagrasansordonnancefr.com/achat-viagra-en-ligne/ кога патот бил  довршен, почнала поделбата на царството.

Виа Игнација  претставувал најдолг пат на империјата, имал должина од цели  800 км.

За името на патот постојат две верзии. Едната е дека е добиено според името на месноста Игнација на самиот Јадрански брег од каде и почнувал патот а другата е дека името е според она на проконзулот Гај Игнациј кој е и конкретниот градител на патот. Втората верзија денес се смета за поверојатна, зашто како татко на Виа Игнација во повеќе извори

се смета Гај Игнациј.

Виа Игнација започнувал и врвел по релацијата Драч – Елбасан - Струга - Охрид – Битола – Воден – Постол ( Пела) – Солун – Амфиполис – Кавала – Ипсола – Малгора – Ерџели – Селамбриа – Визант. Со ова тој ги врзувал тогашните Илирија,  Македонија и Тракија .

Виа Игнација започнала да се гради во 145 год. п.н.е само една година по крајот на Третата Македонско-Римска војна, како заштита на Римската империја од евентуални повторни создавања на Македонска војска по македонските планини и тешко достапни места. Со изградбата на овој пат Рим сакал инфраструктурно да се оспособи за евентуална брза контра-интервенција.

Денес, остатоците од Виа Игнација на територијата на Пелагонија најлесно можат да се видат како интегрален дел од археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис во близина на Битола.

 

Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп