Е-пошта Печати

Сместена во село Бабино, на 15 километри од Демир Хисар, библиотеката ги има сите белези на информативен сервис за граѓаните на Демир Хисар па и пошироко. Со својот фонд од преку 15.000 книги таа претставува културно и духовно наследство  кое гo потврдува односот на нацијата спрема литературата, културата и книгата како феномен сама за себе. Некои од примероците се стари и повеќе од 300 години, а некои се уникатни дела напишани на старословенски, турски и арапски јазик. Покрај книги, во библиотеката може да се најдат и оригинални манускрипти, ракописи, документи кои имаат значајна вредност за македонската https://www.acheterviagrafr24.com/prix-viagra/ култура, како и друг библиотечен материјал од областа на образовната, културната, економската и политичката историја на Република Македонија.

На полиците на библиотеката можат да се најдат изданијата на првите книги печатени во Македонија после Втората Светска војна, голем број на весници, списанија, публикации, прилози, звучни записи, истражувачки проекти, студии, дипломи, мапи,  и фотографии. Книгите кои се чуваат во оваа библиотека се печатени низ литературните центри во светот: Белград, Загреб, Дубровник, Љубљана, Виена, Минхен, Багдад, Техеран, Анкара, Москва и многу други.

Од пред извесно време, во дворскиот простор на куќата каде што е сместена библиотеката  постои амфитеатар со 150 седишта, кој се користи за промоции, литературни дебати, поетски читања и музички перформанси - културни настани кои во овој крај се негуваат уште од viagrasansordonnancefr.com времето на Еврипид и Филип II Македонски.

Исто така, интегрален дел од библиотеката АЛБИ е и една Етно соба која во 16 метри квадратни содржи повеќе од 120 експонати изработени од дрво, текстил, железо, керамика и бакар. Собата е традиционално и автентично уредена, со камин во централниот дел, како симбол на духовноста, просветлението и обновата.

Поради своите карактеристики, библиотеката во 2004 година од страна на Библиотекарското друштво на Македонија и со решение на Министерството за култура го добива статусот прва приватна библиотека која ги исполнува условите за работење.Со книжниот фонд на библиотеката направени се голем број на изложби, а самата таа претставува главна туристичка атракција во демирхисарскиот крај.

 

 

 

 
~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп