Е-пошта Печати

Националниот парк Галичица бил прогласен за национален парк во 1958 година, со цел заштита на неговата природна убавина и разноврсната флора и фауна. Паркот е сместен на планинскиот масив помеѓу Големото Преспанско Езеро на исток, и Охридското Езеро, на запад.Oпфаќа 22 750 хектари од планината Галичица, со големо богатство од реликтни и ендемични видови флора, класично наоѓалиште на 20 видови виши растенија, од кои 12 се локални ендеми, а се застапени 26 ендемични фаунистички видови. На тетриторијата на паркот се обележани голем број велосипедски и планинарски патеки кои ги користат рекреативците и професионалците.

Иако на планината Галичица нема изградено сместувачки капацитет, голем дел од сместувачките капацитети во Преспанскиот регион се во границите на паркот или се во негова близина.

www.galicica.org.mk

 
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп