Е-пошта Печати

Оваа галерија е сместена во Крушевска куќа, уникатен примерок на староградската архитектура од 19 век.  Во неа, на два ката се изложени делата на еден од најголемите македонски ликовни творци, кој се смета за пионер на академското сликарство во Македонија, и сликар кој извршил огромно влијание врз развојот на  културата на Република Македонија. Покрај неговите дела, во галеријата има посебно уредена типична Крушевска соба во стилот на крушевските домови од крајот на 19 и почеток на 20 век.

Галеријата е отворена за посета од 09:00 до 16:00 часот секој ден освен понеделник. Цената на билетот за деца е 20 денари, за возрасни 30 денари, и 60 денари за странци. Посебно интересни се групните посети кои опфаќаат разгледување на галеријата на Никола Мартиновски, Споменикот Илинден, музејот на НОВ, и леарницата за куршуми од Илинденско востание. Цената за овој вид на посета е 40 денари за деца, 60 денари за возрасни и 120 денари за странци.

Доколку се работи за организирана група на туристи, галеријата на Никола Мартиновски може да се отвори и вон работно време. За нејзиното разгледување се задолжени кустоси на Завод и Музеј од Крушево.

 

 
~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп