Печати Е-пошта

Назив                                      
Локација и Контакт                     
Опис                                                

"Бит фест"

Teл:(047) 208-339


Фестивал со уметнички содржини кои се одржуваат на автентични локации во градот од 01 јули од 20 август. Ликовни изложби, филмски проекции, претстави, сериозна музика, балет, опера, фотографии, улични перформанси... од Старата битолска чаршија, преку Широк сокак, многубројните галерии, музеи, театарот, па се до античкиот локалитет Хераклеја. Манифестацијата е под покровителство на Општина Битола.


 

Фестивал
"Илинденски Денови"

Маршал Тито бб,
Битола
Тел:(047)233-419

Фестивалот секогаш се одржува од 29 јули до 1 август. На него достојно се афирмираат народните песни и игри, не само на македонскиот народ и народности кои живеат во Македонија, туку и на народите од светот.


 

Интернационален фестивал 
на филмската камера
"Браќа Манаки"

www.manaki.com.mk
Teл:(047) 208-339

Во светот има многу фестивали, но ретки се оние кои се посветени на кинематограферите. Овој фестивал во неколку категории и со неколку награди ја следи нивната работа од далечната 1950 година. Меѓу наградените директори на фотографија на овој фестивал биле и оскаровецот Антони Дод Ментл, Питер Сушитски, Били Вилиамс. Фестивалската атмосфера кон крајот на септември, редовно ја дополнуваат и врвни актерски имиња, како Мајкл Јорк, Викторија Абрил и други.


 

Фестивал на сериозна музика "Интерфест"

Тел:(047) 208-339


10 дена класична музика од сите жанрови и инструменти изведена од врвни светски уметници, меѓу кои и Алдо Чиколини, Стефан Миленковиќ, Данг Таи Шон. Во состав на фестивалот кој трае од 02 до 12 октомври се одржуваат и мајсторски школи.


 

"Битола Отворен град"

www.mkcbt.org.mk

 

Мултимедијален фестивал, наменет пред се за младите. Содржи улични театри, улични концерти, цртање графити, голем музички концерт, младински камп, работилници за млади и други активности. Вистинско место за дружење на младите од цела Европа.


 

"Мал Битолски Монмартр"

 

www.montmartre.smultimedia.com

Париз го има Монмартр, а Битола – Малиот Битолски Монмартр. Детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј од 1992 година ја организира Меѓународната детска ликовна колонија, позната како Мал Битолски Монмартр. Секоја пролет од 23 до 30 мај, деца од целиот свет ја цртаат старата битолска архитектура, по која градот е препознатлив. Се претпоставува дека бројот на цртежи од малите детски раце е над 350.000, а дел од нив се најдоа и на Олимпијадата во Кина.


 

10-ти Јуни Ден на културата

Тел:(047) 208-339


Од 2006 година, денот 10-ти Јуни е прогласен за Ден на културата кога ос 12 до 24 часот се одвива културна програма со различни содржини: ликовна работилница, рок хепенинг, изложби, театарски претстави, филмски проекции, концерт на сериозна музика, концерт на фолклорни друштва и сл.


 

"Прилеп Фест"

Дом на култура                                        "Марко Цепенков", Прилеп
www.markocepenkov.com

Фестивал со натпреварувачки карактер, на кој се претставуваат домашни и странски пеачи и групи на новосоздадената фолк музика.


 

"Пиво фест"

www.pivofest.info

По примерот на Минхен, Македонија во Прилеп го доби фестивалот на пивото кој прерасна во традиционален, со огромен број посетители. Познати домашни и странски брендови на пиво, надополнети со скара и богата музичка програма на прилепскиот плоштад, го прават препознатлив и надвор од македонските граници. Три дена забава, музика и храна во летните месеци.


 

Карневал "Прочка"

Плоштад Александрија, Прилеп www.karnevalprilep.mk

Традиционален меѓународен карнeвал се одржува на верскиот празник Прочка секоја година во Прилеп. Учество земаат околу 1500 учесници од кои околу 250 се од странство.


 

Театарски Фестивал
"Војдан Чернодрински"

Борка Талески 1,
Прилеп
Тел:(048)421-703
Прилеп
Тел:(048)428-644
www.mtf.com.mk
www.markocepenkov.com

Македонскиот театарски фестивал "Војдан Чернодрински" постои од 1965 година, по иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма - Војдан Чернодрински. Традиционално секоја година се одржува во Прилеп во почетокот на месец јуни. Најдобрите театарски претстави од сите македонски театри се презентираат во Официјалната програма со натпреварувачки карактер. Фестивалот е од посебен државен интерес и единствен од ваков вид Финансиран од Министерството за култура на Р.Македонија.


 

Фестивал за народни песни и инструмени "Пецe Атанасоски"

С.Долнени, Прилеп
Моб:(075) 635-613


“Пеце Атанасовски„ е фестивал на народни песни и инструменти кој се оджува секоја година низ улиците на Прилеп и Долнени. На фестивалот земаат учество повеќе од 300 претставници од нашата земја како и од Србија, Словенија и други земји од светот. Директор на фестивалот е Весна Вучич.


 

Научно-културни средби                 "10 дена Крушевска Република"

Плато Гумење
Тел:(048) 477-101

Секоја година од 1-ви до 10-ти август во Крушево централно внимание заземаат Културно-научните средби ‘‘Десет дена Крушевска Република’’. Имено за време на тие десет дена во Крушево се одржуваат културни, научни, забавни и други манифестации со цел да се афирмира национално-ослободителната борба за слободна и самостојна Македонија, да се објават публикации и научни трудови, како и низ разни културно-уметнички форми, да се промовира македонскиот традиционален дух.


 

Етно саем, Kрушево

Дом на култура
Коча Миленку 71,
Крушево
Тел:(048) 477-101

Од 2003 година, традиционално се одржува секоја година од 1-5 август. Во Крушево сеуште рачно се ткаат: јамболии и батании; се плетат и везат: перници, пердиња, милиња, чаршафи; кои се дел од традицијата, обичаите и културното наследство на ова поднебје. Вештите крушевски златари ја знаат мајсторијата и занаетот на традиционалната рачна изработка на благородните метали и со право се гордеат со рачно изработениот филигран, рачно работен и лиен сребрен и златен накит како и др. златарски производи. Крушевчани ги негуваат и старите занаети калајџиски, кујунџиски, казанџиски. Сите тие вредни рачни изработки на нашите мајстори можете да ги видите на едно место-на етно саемот.


 

"Крушево Етно град"

Центар на градот,
Крушево
Тел:(048) 477-101

Минатото преточено во сегашноста: за време на оваа манифестација луѓето се облечени во времето од пред 100 години, како комити и војводи, во староградски носии, во униформи на турски војници,надополнети со автентичноста на градскиот лик.


 

Интернационален театарски 
фестивал "Актерот на Европа"

 

Дом на Култура
"Драги Тозија", Ресен
Тел:(047)454-450

Во организација на Министерството за култура преку Националната Установа Центар за култура од Битола и општина Ресен во почетокот на јули (6-11 јули) се одржува традиционалниот интернационален театарски фестивал “Актерот на Европа“, со учество на театарски групи од Македонија и од другите Европски земји, која се одржува во Домот на Културата.


 

"Преспански јаболкобер"

Градски плоштад,
Ресен
Тел:(047) 454-450

Традиционална манифестација, која се оджува секоја година на 27 септември на христијанскиот празник “Крстовден“. Носители на оваа манифестација се општината, НВО секторот, Општинскиот сојуз за здруженијата “Обединети агропроизводители“. Се прават напори манифестацијата да добие меѓународен карактер и да прерасне во фестивал на јаболкото и за јаболкото.


 

"Преспански културни
среќавања"

Дом на Култура
"Драги Тозија", Ресен
Тел:(047) 551-021
Моб:(071) 578-978

Преспанските културни среќавања се одржуваат во Домот на Културата во Ресен, под покровителство на општината и со поддршка на Министерството за култура. Во рамки на манифестацијата се одржуваат театарски претстави, концерти, изложби итн.


 

Преспански иселенички средби

Тел:(047) 551-021
Моб:(071) 578-978

 

Традиционалните “Преспански иселенички средби“, се одржуваат во текот на месец август. Истовремено се одбележуваат и годишнините од Илинденското востание и заседанијата на АСНОМ.


 

"Гроздобер"

Кривогаштани
Тел:(048) 471-471

Фестивал за пејачи аматери.
Организацискиот одбор го составува ЕЛС-Кривогаштани.


 

Фестивал на изворни песни "Илинденски Концерт на Етно Музика"

с.Градешницa
Моб:(070)623-268

Фестивал на народни песни и ора кој се одржува традиционално секоја година во с.Градешница на 01 август.


 

 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп