Печати Е-пошта

Назив

Локација                                                  

 

Опис

Меѓународна детска
ликовна колонија
"Мал битолски Монмартр"

ул.Далматинска 18,
Битола  
Тел:(047) 235-184
www.montmartre.smultimedia.com

Детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј oпстојува веќе 30-тина години. Во 1992 Колонијата прераснува во меѓународна манифестација. На овој настан учество земаат над 150 ученици, повеќе од 1000 училишта од над 40 земји од светот со повеќе од 20 000 уметнички творби. Младите уметници на своите платна најчесто ја сликаат старата архитектура на градот, како еден од најпрепознатливите симболи на Битола. Студиото располага со огромен фонд детски цртежи (преку 350.000).


 

Центар за Современа
ликовна  уметност

Гоце Делчев бб,
Прилеп
Тел:(048) 425-788

Уметничка Колонија, која секоја година (во летниот период во месеците јули и Август) се одржува во центарот на градот Прилеп, за време на Прилепското Културно Лето.
Основана е во 1957 година, од страна на историчарот на уметност и археолог - Проф. д-р. Бошко Бабиќ (директор на ЦСЛУ до 1981 година, а потоа и нејзин доживотен почесен претседател). Уметничката Колонија е една од најстарите во Југоисточна Европа, а е најстара на Балканот. Секоја година, се одржуваат, редовни четири работилници: Интернационалната Сликарска Колонија (започната 1957 год.), Интернационален Скулпторски Симпозиум "Мермер" (1963 год.), Интернационално Студио за Пластика во Дрво (1971) и Интернационално Ателје за Скулптура во Метал (1984). Периодично се одржуваат и други работилници, како: Уметничка Фотографија, Керамика, Витраж, Мозаик, Графика, а од 2005 година и Студиото за Пластика во Пластика.


 

Ликовна колонија

Дом на култура 
Коча Миленку 71,
Крушево
Тел:(048)477-101

Почнувајќи од 1997 г. во Крушево постои ликовна колонија каде се презентираат делата на познати домашни и странски автори кои го сликаат Крушево и околината, староградската архитектура, прекрасните пејзажи и т.н.


 

Ресенска
керамичката колонија

Дом на Култура 
"Драги Тозија",
Ресен
Тел:(047)551-021

Ресенската керамичката колонија од 1973 година е членка на Интернационалната Академија за керамика при УНЕСКО. Во атељето на колонијата до сега твореле над 200 керамичари од целиот свет, создаден е фонд од над 800 експонати, од кои 300 се изложени во Сарајот.


 

 

 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп