Печати Е-пошта

Назив                                          
Oпис                                                                                           

"Хераклеа Линкестис"

Хераклеја Линкестис е древен град којшто се наоѓа на јужната периферија на градот Битола, во подножјето на планината Баба. Името го носи името според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Линкестис со значење “Линкестидска”, доаѓа од називот на регионот Линкестида во кој се наоѓал градот. Градот бил основан во предримскиот период (во периодот на IV век п.н.е.), од страна на македонскиот крал Филип II Македонски. Денес на тлото на Хераклеја се пронајдени остатоци од повеќе сакрални објекти украсени со подни мозаици направени во opus sectile и во opus tessalatum, датирани во 5 и 6 век. Станува збор за малата базилика (А), цивилната базилика (B), големата базилика (C) и цеметријалната базилика (D) - сместена на околу 250 метри од централното градско подрачје на Хераклеја, покрај која се откиени ранохристијански и средовековни гробници, потоа портик на судницата од римско време (2 век в.н.е), терма од римско време (2 век в.н.е), театар од римско време (2 век в.н.е), епископска резиденција од ранохристијанско време (4 до 6 век), градска чешма од времето на Јустинијан (562). На негово место денес се одржуваат и разни културни манифестации. Отворен е за посета секој ден од 8 до 19 часот со претходна најава.


 

"Маркови Кули"

Месноста „Маркови Кули“ се издига над северниот дел на Варош и 5км од центарот на Прилеп. Претставува 120-180 висок рид од планините со длабоко седло.

Најстари остатоци - Со долгогодишните ископувања (од 1959 г. речиси непрекинато до денес) откриени се траги од предисториска населба; во раната антика тука израснала Керамија, обновена во доцната антика.

Средновековни остатоци - Обѕидието што денес се гледа на теренот потекнува од 13 и главно од 14 век.

Маркови Кули, сместен во гранитно-планинскиот комплекс, локалитет со културни слоеви од доцниот неолит до XIV век. Во природната целост формирана од четири врвови (Чардак, Крупник, Тапанче и Гребник), со неколку тераси, удолнини и седла, се наоѓаат остатоци од ѕидови и кули од еден исклучително голем тврдински комплекс. Според некои истражувања, Маркови Кули се вбројуваат, по просторот што го заземаат, меѓу петте најголеми тврдини на Балканскиот Полуостров.


 

Месноста "Кале Св. Спас"

Месноста „Кале, Св. Спас” лежи 1,2 км северозападно од Зрзе. Претставува мала тераса на планинските падини, на 220—250 м височина над работ на полето (1020 м н.м.).

Најстари остатоци. Во доцноантичко време околу терасата било подигнато обѕидие од камен со малтер. Правоаголниот простор, со големина 150 х 120 м (1,5 ха) им служел на околните сточари како збег, а потоа и како постојано живеалиште — укрепено село. На источниот дел била изградена ранохристијанска црква, чии распарчени мермерни украси лежат и денес наоколу (6 век). Повеќето монети најдени на тој простор потекнуваат од доцниот 4/6 век.

Средновековни остатоци. Во доцното средновековие терасата била повторно населена. Врз урнатините на старата базилика, во средината на 14 век била изградена нова црква (св. Преображение или св. Спас). Околу црквата биле подигнати придружни манастирски згради: конаци, амбари и други стопански простории. Старото обѕидие било обновено.


 

"Стибера"

Стибера, или како што археолозите сакаат да ја викаат Македонска Помпеја, е еден од најголемите антички градови во Македонија, а истовремено, и еден од најатрактивните антички градски населби. Таа се наоѓа во близина на прилепското село Чепигово, а нејзините остатоци лежат на јужните падини на ридот Бедем каде во неговото подножје се слева рекичката Блато во Црна Река (Еригон). На овој простор пронајдени се разновидни мермерни украси, статуи и бисти, меѓу кои и статуата на божицата Тихе на постамент со натпис. Храмот се состоел од наос и предворје. Неговите ѕидови биле изградени од кршен камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Начинот на градење на наосот е типично римски. Од откриените архитектонски градби се издвојува античкиот гимназион Тој се состои од две одделни градби: Хероон со светилиште и Перистил со предворје и екседра.


 


 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп