Печати Е-пошта

Назив
Локација и опис

Националниот парк  "Пелистер"

wwwnppelister.org.mk

Во југозападниот дел  од Република Македонија помеѓу Преспанската котлина на запад и Пелагониската котлина на исток се наоѓа планината Баба со врвот Пелистер (2601м надморска висина).
Заради природните убавини што ги сочинуваат шумите на борот – Молика, како реликт на терциерната флора, гранитните маси од кои е изграден Пелистер и неговиот морфолошки релјеф, а посебно глацијалниот релјеф во алпскиот дел од планината, во 1948 год. со посебен Закон Пелистер е прогласен за прв Национален парк во Република Македонија и поранешна Југославија, што има големо значење  во културната историја на Македонскиот народ. Националниот парк Пелистер е оддалечен 15 км. од Битола, 65 км, неговата површина изнесува – 12.500 ха со надморска височина од 700 до 2.600 м.


 

Национален парк  "Галичица"

www.galicica.org.mk

Националниот парк Галичица беше прогласен за национален парк во 1958 година, со цел заштита на неговата природна убавина и разноврсните флора и фауна. Паркот е сместен на планинскиот масив помеѓу Големото Преспанско Езеро, на исток, и Охридското Езеро, на запад, и опфаќа 22 750 хектари од планината Галичица, со големо богатство од реликтни и ендемични видови флора, класично наоѓалиште на 20 видови виши растенија, од кои 12 се локални ендеми, а се застапени 26 ендемични фаунистички видови. Македонскиот Национален парк Галичица и албанскиот Национален парк Преспа се поделени со меѓународната граница меѓу Македонија и Албанија.
 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп