Печати Е-пошта

Назив
Локација и опис

Река Драгор

Изворот на реката Драгор се наоѓа во повисоките делови на планината Баба меѓу 2.000 и 2.200 мнв


 

Големо и Мало Езеро познати како “Пелистерски Очи”

Големото Езеро се наоѓа надморска височина од 2.218 метри, долго 223 метри, широко 162, длабоко 14,5 метри. Малото Езеро е на надморска висина од 2.180 метри оддалечено околу 2 километри од Големото Езеро. Има кружен облик, со најголема длабочина од 2,6 метри.


 

Прилепско Езеро

Лоцирано е во месноста Гладно Поле. на 7 километри од Прилеп. Неговата географска положба му овозможува ова езеро да биде рекреативен центар и излетничка дестинација. Тоа зафаќа површина од 0,54 km². Долго е 1,4 km, а широко 400 до 600 m. Најголема длабочина му е 28 м.

Езеро Стрежево

Со изградба на брана на реката Шемница се формира вештачкото езеро Стрежево. Оваа акумулација е со корисен волумен кој овозможува: обезбедување на потребните количини на вода за наводнување на дел од Пелагонија, делумно надополнување до потребнита количина на непреработена вода, обезбедување на дел од потребите од технолошка вода за дел од индустријата, заштита од поплавување на дел од Пелагонија итн. Исто така, оваа акумулација е фреквентен излетнички центар за жителите од Битола и пошироката околина.


 

Преспанско Езеро

Преспанското Езеро во 1977 година е прогласено за Споменик на природата, а од 1995 година е ставено во списокот на најзначајни локалитети во Европа.
Езерото е богато со риба, а особено се познати преспанскиот крап и рибите белвици-нивички.


 

Црна Река

Реката Црна со нејзините 207 km е најдолгата река во регионот и е најдолга десна притока на реката Вардар. Црна Река извира од неколку карстни извори во центарот на селото Железнец, со просечна количина на вода од 33 m3/s. Таа ги собира сите води од Демирхисарско при што сливот на реката има природни можности за градба на мали и поголеми акумулации на вода. Реките и вештачките езера изобилуваат со неколку видови риби: мренка, крап, пастрмка, белвица, клен и др. а во поголемите реки има и видри, што пак овозможува на развој на риболовен туризам.


 

Извор, с.Дебреште

На влезот  од селото Дебреште. Извор на вода со капацитет од 100 литри од секунда.


 

Река Градешка

Планинска река со чиста, питка вода без варовник, богата со риба, особено пастрмка. Речното корито е составено од големи мазни камења коишто и даваат посебна убавина. Некогаш тука работеле 12 воденици.
 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп